
Што е А1 Academy?
A1 Academy е едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, под платформата #ПодобарОнлајн. Академијата е креирана за млади што сакаат да стекнат нови знаења и дигитални вештини неопходни за успешно управување со нивната кариера.
Процес
на
реализација
-
Фаза 1Аплицирање
-
Фаза 2Селекција
-
Фаза 3Одржување на курс
Курсеви

AI in Digital Marketing
Почеток: наскоро
Број на часови: наскоро
Времетраење: наскоро
Формат: наскоро
Наскоро

AI in Business
Почеток: наскоро
Број на часови: наскоро
Времетраење: наскоро
Формат: наскоро
Наскоро

Business Analytics
Почеток: наскоро
Број на часови: наскоро
Времетраење: наскоро
Формат: наскоро
Наскоро

Digital Marketing
Почеток: наскоро
Број на часови: наскоро
Времетраење: наскоро
Формат: наскоро
Наскоро

Digital Entrepreneurship
Почеток: наскоро
Број на часови: наскоро
Времетраење: наскоро
Формат: наскоро
Наскоро
Галерија
Нашите учесници
за A1 Academy
Дефинитивно, знањето што го стекнав на академијата е одлична основа за понатамошна надградба на вештините. Дигиталниот маркетинг е широка област и академијата беше одличен избор за да добијам познавање од сите гранки на Дигиталниот маркетинг и да одлучам кон која сакам да се насочам.
Она што посебно би го издвоил, настрана врвните предавања од предавачите, се домашните задачи, кои ме натераа поразлично да размислувам одшто сум размислувал сега. И секако, фидбекот кој ни го дадоа предавачите и посочувањето доколку нешто е добро или лошо размислено. Навистина е од огромно значење кога некој со огромно искуство зад себе, ќе те пофали.
Најголем впечаток ми остави посветеноста на нашите предавачи и фидбекот кој го добив за извршените задачи. Предавањата беа организирани и со многу корисни информации дополнети со реални примери.
Запознавајќи се со иновативни бизнис модели, стратегии за дигитален маркетинг и нови технологии, верувам дека знаењето што го стекнав ќе придонесе кон мојата работа да ги поддржам и зајакнам жените во програмите на нашата организација, како и да креирам нови програми за нивно економско зајакнување. Во целост, академијата ми даде алатки и инспирација да ги поттикнам позитивните промени во нашата организација.
Апсолутно, сигурен сум дека оваа академија ми остави трајни знаења и вештини кои ќе бидат од корист во мојата идна кариера, без разлика која ќе ми биде област на специјализација.
Се ми се допаѓаше и беше одлично, но најмногу ми се допадна тоа што можев да научам повеќе за Вештачката Интелигенција и како и за Elevator Pitch.
Во оваа прилика би сакала да кажам дека не само што оваа академија ги исполни моите очекувања туку и ги надмина, пред се поради одличните предавачи кои максимално се посветија и беа спремни да не научат, потоа самата организација и секако учесниците кои беа навистина позитивни и соработливи.
Најголем впечаток ми остави вештата организација од страна на А1 Македонија, што ни овозможи на нас младите да се запознаеме со основите на бизнис аналитиката и особено ја истакнувам улогата на предавачите, кои успешно и на забавен начин го презентираа материјалот.
Најголем впечаток ми остави пристапот на предавачите, кои секогаш успеваа да ги направат часовите интересни и интерактивни. Теоријата ја објаснуваа преку вистински примери, кои не само што ја поедноставуваа материјата туку и покажуваа како стекнатото знаење може веднаш да се примени во пракса. Тоа беше нешто што навистина ме мотивираше да се вложам повеќе и да го извлечам максимумот од академијата.
Често поставувани прашања
Амбициозни млади од 18 до 25-годишна возраст, подготвени да го прошират своето знаење и да се стекнат со најсовремените дигитални вештини.
За учество во академијата не е потребно претходно познавање во областа за која ќе се пријавите. Ако имате желба и мотив за работа и учење, ќе се стекнете со напредно знаење и со најсовремените дигитални вештини на иднината.
Програмата вклучува целосен пакет курсеви потребни за разбирање и управување со комплексни дигитални области.
Материјали што ќе ви бидат достапни и по завршувањето на академијата.
Врвни предавачи, експерти во својата област.
Материјали што ќе ви бидат достапни и по завршувањето на академијата.
Врвни предавачи, експерти во својата област.
Пристигнатите апликации ги разгледува комисија на академијата, која врз основа на посветеноста, желбата и мотивот ги избира соодветните кандидати.
Наставата се одвива во живо во просториите на управната зграда на А1 Македонија. Курсот трае три недели, двапати во неделата, во попладневните часови, со времетраење од 2 часа.
Да.
Услов: присуство на сите часови и извршување на зададените задачи.
Услов: присуство на сите часови и извршување на зададените задачи.