Курсеви
Дамјан Дано

Дамјан Дано е претприемач и дигитален консултант со над 20 години искуство во ИКТ индустријата. Тој е ко-основач на IWM Network и на Aqtos.com – модерен бизнис оперативен систем (BOSS) наменет за мали и средни компании. Во 2007 го лансира и IT.mk, а денес активно работи на дигитална трансформација со фокус на начинот на кој компаниите функционираат, комбинирајќи технологија, АИ, анализа на податоци и практични интеграции за продуктивност и раст.
Елинда Стојанова Милошеска

Лидер за дигитална трансформација
Елинда со искуство и соодветно образование во повеќе области како што се социологија, веб дизајн и маркетинг е ориентирана на деталите на дигиталните проекти кои можат да придонесат како за подобро корисничко искуство, така и за полесно исполнување на поставените цели. Во последните години со брзите трансформации е насочена во пронаоѓање на аномалии во корисничкото искуство преку користење на различни алатки, истражувања и co-browsing сценарија.
Моментално работи како лидер за дигитална трансформација во А1 Македонија и со тимот секојдневно се борат со различни предизвици во дигиталниот океан. На оваа академија преку теорија и практични примери ќе Ве доближи до дигиталниот маркетинг, социјалните медиуми и најважно анализа на резултатите.
Теодора Живковиќ

Теодора има диплома од областа на финансиите и финансиски менаџмент на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Во нејзината кариера работела на повеќе проекти поврзани со SQL, Power BI, креирање на BI решенија и анализирање на финансиски податоци.
Во моментот работи како Аналитичар на податоци во Контролинг одделот во А1Македонија.
Александар Качаковски

Во моментот извршува функција Менаџер за дигитална трансформација во Panteleon GS и професионалец со големо искуство во дигитален маркетинг и дата анализа.
Наташа Ставревска

Маркетинг специјалист
Наташа ја започна својата кариера во А1, а со постојано учење и развој на дигиталните вештини, денес работи како Специјалист за дигитален маркетинг, исто така во компанијата А1 Македонија.
Својата креативност Наташа ја истакнува дури и преку најмалите работни исполнувања, а желбата за нови предизвици е тоа што ја движи напред. Поседува широк спектар на вештини, како што се e-mail marketing, copywriting skills, design skills и analytical skills. Таа преку секојдневни примери ќе ве научи како да управувате со најдобрите дигитални практики.
Дарко Каранфилов

Маркетинг специјалист
Дарко има повеќегодишно работно искуство во интернет-индустријата и дигиталниот маркетинг. Моментално е на позицијата PPC менаџер во агенцијата A88Lab, при што помага на B2B SaaS компании да го остварат својот раст.
Со Дарко ќе ги научите напредните вештини на дигиталниот маркетинг, како што се SEO, Google Ads и Google Analytics.
Дарко е амбициозен млад професионалец, кој е подготвен преку практични примери своето знаење да им го пренесе на студентите на А1 Academy.