А1 Academy

Предизвикај се себеси со возбудливи можности за стабилна и успешна кариера!

Аплицирај

#ПодобарОнлајн е платформа на А1 Македонија преку која сакаме да го направиме интернетот побезбедно и попозитивно место за сите.

Дознај

Што е А1 Academy?

A1 Academy е едукативна програма иницирана и спроведена од А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, под платформата #ПодобарОнлајн. Академијата е креирана за млади што сакаат да стекнат нови знаења и дигитални вештини неопходни за успешно управување со нивната кариера.

Процес на
реализација

  • Фаза 1Аплицирање
  • Фаза 2Селекција
  • Фаза 3Одржување на курс

Курсеви

AI in Digital Marketing

  • Почеток: наскоро
  • Број на часови: наскоро
  • Времетраење: наскоро
  • Формат: наскоро
Наскоро

AI in Business

  • Почеток: наскоро
  • Број на часови: наскоро
  • Времетраење: наскоро
  • Формат: наскоро
Наскоро

Business Analytics

  • Почеток: наскоро
  • Број на часови: наскоро
  • Времетраење: наскоро
  • Формат: наскоро
Наскоро

Digital Marketing

  • Почеток: наскоро
  • Број на часови: наскоро
  • Времетраење: наскоро
  • Формат: наскоро
Наскоро

Digital Entrepreneurship

  • Почеток: наскоро
  • Број на часови: наскоро
  • Времетраење: наскоро
  • Формат: наскоро
Наскоро

Нашите учесници

за A1 Academy
Дефинитивно, знањето што го стекнав на академијата е одлична основа за понатамошна надградба на вештините. Дигиталниот маркетинг е широка област и академијата беше одличен избор за да добијам познавање од сите гранки на Дигиталниот маркетинг и да одлучам кон која сакам да се насочам.
Боби Софронијоски – Digital Marketing
Она што посебно би го издвоил, настрана врвните предавања од предавачите, се домашните задачи, кои ме натераа поразлично да размислувам одшто сум размислувал сега. И секако, фидбекот кој ни го дадоа предавачите и посочувањето доколку нешто е добро или лошо размислено. Навистина е од огромно значење кога некој со огромно искуство зад себе, ќе те пофали.
Антониј Крстевски - Digital Marketing
Најголем впечаток ми остави посветеноста на нашите предавачи и фидбекот кој го добив за извршените задачи. Предавањата беа организирани и со многу корисни информации дополнети со реални примери.
Јована Томовска - Digital Marketing
Запознавајќи се со иновативни бизнис модели, стратегии за дигитален маркетинг и нови технологии, верувам дека знаењето што го стекнав ќе придонесе кон мојата работа да ги поддржам и зајакнам жените во програмите на нашата организација, како и да креирам нови програми за нивно економско зајакнување. Во целост, академијата ми даде алатки и инспирација да ги поттикнам позитивните промени во нашата организација.
Теа Зографска - Digital Entrepreneurship
Апсолутно, сигурен сум дека оваа академија ми остави трајни знаења и вештини кои ќе бидат од корист во мојата идна кариера, без разлика која ќе ми биде област на специјализација.
Гоце Лазаревски - Digital Entrepreneurship
Се ми се допаѓаше и беше одлично, но најмногу ми се допадна тоа што можев да научам повеќе за Вештачката Интелигенција и како и за Elevator Pitch.
Сара Гочевска - Digital Entrepreneurship
Во оваа прилика би сакала да кажам дека не само што оваа академија ги исполни моите очекувања туку и ги надмина, пред се поради одличните предавачи кои максимално се посветија и беа спремни да не научат, потоа самата организација и секако учесниците кои беа навистина позитивни и соработливи.
Ана Диневска - Digital Entrepreneurship
Најголем впечаток ми остави вештата организација од страна на А1 Македонија, што ни овозможи на нас младите да се запознаеме со основите на бизнис аналитиката и особено ја истакнувам улогата на предавачите, кои успешно и на забавен начин го презентираа материјалот.
Мила Нашевска - Business Analytics
Најголем впечаток ми остави пристапот на предавачите, кои секогаш успеваа да ги направат часовите интересни и интерактивни. Теоријата ја објаснуваа преку вистински примери, кои не само што ја поедноставуваа материјата туку и покажуваа како стекнатото знаење може веднаш да се примени во пракса. Тоа беше нешто што навистина ме мотивираше да се вложам повеќе и да го извлечам максимумот од академијата.
Ана Кајгана - AI in Business

Често поставувани прашања