Дамјан Дано е претприемач и дигитален консултант со над 20 години искуство во ИКТ индустријата. Тој е ко-основач на IWM Network и на Aqtos.com – модерен бизнис оперативен систем (BOSS) наменет за мали и средни компании. Во 2007 го лансира и IT.mk, а денес активно работи на дигитална трансформација со фокус на начинот на кој компаниите функционираат, комбинирајќи технологија, АИ, анализа на податоци и практични интеграции за продуктивност и раст.